Димитар Андоновски
Тој дипломирал на Економскиот Факултетот при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” – Скопје во 1974 година. Тој е овластен ревизор со лиценца број 56 издадена од СУНР; овластен вештак во полето на материјално сметководство и финансиски операции со лиценца број 07-2521 издадена од Министерство за Правда; овластен проценител во полето на капитал на компании и побарување и обврски, член на Институтот на Овластени ревизори на Република Македонија. Има работно искуство повеќе од 30 години, од кој 25 години во полето на ревизијата, финансиски и сметководствен консалтинг и судски вештачења. Тој исто така е член Комисијата за Етика при ИОРРМ. Тој бил лидер на ревизорскиот тим на ревизии на големи компании како: Силекс АД Кратово, Тиквеш АД Кавадарци, РЖ Услуги АД Скопје, Агенција за електронски комуникации, Електроелемент ДОО Скопје, Евроинс Осигурување АД Скопје,ЈП Македонски Железници, Електрани на Македонија АД и многу други.