АУДИТ МАКЕДОНИЈА Е ОСНОВАНО НА 1 ЈУЛИ 1995 ГОДИНА
Друштвото за ревизија АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО од Скопје е основано на 1 Јули 1995 година, како една од првите компании во Република Македонија која нуди услуги во полето на финансискиот консалтинг, ревизија, судски вештачења, сметководство, процени и многу други консалтинг услуги. Ние сме независни членови на Geneva Group International од Женева, Швајцарија, од септември 2016 година. АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО е поранешен член на Baker Tilly International. АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО е член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, член на Комората на Проценители на Република Македонија, член на Комора на Вештаци. Основна активност на компанијата е ревизија на финансиски извештаи на средни и големи компании, банки, осигурителни компании, други финансиски институции и компании кои подготвуваат консолидирани финансики извештаи. Освен ревизија, АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО успешно ги извршува следниве активности: бизнис и менаџерски консалтинг, даноци и финансиски консалтинг, консалтинг за подобрување на интерните сметководствени контроли и сметководствениот систем, плати, процени, судски вештачења и други услуги. АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО е компанија која е способна од човечки, технички и организационен аспект да ги извршува навремено сите договорени работи со висок квалитет и професионалност.
Аудит Македонија има долгогодишно богато искуство