ЕДИНСТВЕН КОРПОРАТИВЕН ФИНАНСИСКИ КОНСАЛТИНГ

Во денешната глобална економија, постојаните промени се неизбежни за опстанок на бизнисот. Бизнис менаџерите се соочуваат со многу предизвици со цел да останат на врвот согласно барањата на пазарот, согласно со строгите прописи, и како најдобро да ги искористат технолошите откритија.

Аудит македонија доо обезбедува единствен корпоративен финансиски консалтинг. Наша цел е да понудиме независен совет преку примена на глобално искуство, прилагоден на специфичностите  на македонскиот пазар.

Заедно со помошта од големата меѓународна асоцијација на искусни професионалци и нивното широко познавање на пазарот и контактите кои ги имаат, ние им помагаме на нашите клиенти да ги постигнат нивните цели за сите видови на трансакции.

Создавањето на вредности е значаен аспект за успех на деловните опреации. Вреднен совет бара правилна анализа, огромно искуство и правилно професионално расудување.

Нашите бизнис консалтинг услуги вклучуваат:

  • Проценка на компании;
  • Проценка на недвижен имот;
  • Проценка на подвижен имот;
  • Корпоративно реструктурирање;
  • Ликвидации на компании;
  • Спојувања и превземања;
  • Финансиски due diligence;

Советодавниот тим на АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО се состои од високо искусни професионалци со различни позадини од меѓународна и локална експертиза.

За повеќе информации за нашите консултански услуги, Ве молиме да нè контактирате и некој од нашите консултанти со задоволство ќе ве услужи.

Аудит Македонија

Примена на глобално искуство, прилагоден на специфичностите  на македонскиот пазар